Испечати

Лешник бомбици

Лешник бомбици

Состојки

  • За смеса
  • 400гр.претходно потпечени лешници
  • 2 лажици рум
  • 120гр. рендано чоколадо
  • 125гр. маргарин
  • 125-150гр. шеќер во прав
  • За чоколадирање
  • 200-300гр. чоколадо за готвење
  • 6-9 лажици масло

Подготовка

Неодоливо вкусни.
Од вкупната количина на лешници се оставаат околу 40, (кои се ставаат внатре во бомбицата) а другите се мелат.
Маргаринот убаво се мати со шеќерот во прав се додека стане кремаст, пенлив и побели.
Се додаваат и другите наведени состојки и смесата убаво се соединува, изработува. Се земаат топчиња, се расплескуваат на дланка, им се става по едно лешниче и се оформува бомбицата.
Се чоколадираат.
Чоколадото се топи над пареа, му се додава маслото, убаво се изедначува. Чоколадирате како што ви е најлесно.
Може да се свалаат во мелени лешници или пак да се ставаат во форми во претходно чоколадирани силиконски калапи.