Летна супа окрошка
Компирите и јајцате ги вариме.
Краставицата, роквиците и кромидот ги миеме и сечкаме на ситни коцки.
Варените компири ги лупиме и исто сечкаме на коцки. Јајцата ги лупиме и сечкаме само белки, а жолчките ставиме на страна.
Саламата исто ја сечкаме на коцки.
Во жолчките ставиме сенф и со вилушка убаво ги гмечиме. Додаваме 1 лажица јогурт и убаво размешуваме.
Копарот и магдоносот ситно ги сечеме.
Во сите состојки додаваме јогурт, вода, сол, пипер, жолчки со сенф и убаво премешуваме.
Ставиме во фриждер да се олади.
Супа ја сервираме во чинија украсуваме со китка магдонос и копар.
Овој рецепт го прават во Украина на лето во жешки денови,многу убаво освежува!!!
Лиценца: Сите права се задржани