Си имав пржени т.е. печени тиквички за ручек, па од тоа што остана од нив си направив салата.
Подготовка
1. Тиквичките ги лупиме и ги сечеме до должина со дебелина од 5-7 мм.
2. Ги ставаме да се пржат директно на малку масло или ги печеме на скара или тостер.
3. Со помош на нож ги сечкаме на неидентични парчиња.
4. Откако ќе изладат го додаваме изренданото сирење, сечканиот магдонос, киселата павлака, сечканото лукче, маслото и зачинуваме.
5. Промешуваме до соединување и сервираме.

Забелешка
Ако ви е солено сирењето не мора да ставате сол, пробајте ја салатата прво со сирењето па потоа доставајте. За тие што се вонрестрикција ви го препорачувам вака рецептот, за појадок, а за тие што се во рестрикција исклучете еден млечен производ и ставете младо сирење или урда. Магдоносот го ставаме по вкус, може повеќе може помалку, впрочем и цетата салата ја правиме по вкус со состојки по сопствена мерка. Ние вака ја сакаме и ви ја препорачувам да ја пробате. Тиквичките ги печев во делимано грил тавата малку намрсена , а дел од нив и на тостер, за да ми се испечат побрзо.