7
фев
2017
Мафини со сирење (хроно)
Јајцата ги матиме да им се зголеми волуменот до светло жолта боја. Ги додаваме брашната, пецивото, семињата, спанаќот, свинската маст, киселата вода. Целата смеса ја соединуваме со миксер. На крајот го додаваме издробеното сирење. Калапот за мафини го премачкуваме со масло и брашно,ставаме од смесата и ги наросуваме со сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Забелешка
Ако ви е солено сирењето немате потреба да додавате сол. Од оваа доза ми излегоа околу 20 мафини. Истава смеса може да ја истурите и во тавче па да направите брза пита. Мафините ги печев во рерна со вклучен вентилатор.