Мафини со сирење (хроно)
Состојки
- 4 јајца
- 1/2 пециво
- 100 гр интегрално јачменово брачно
- 100 гр интегрално ржано брашно
- 1 лажица лен, сончоглед, семки
- 3 лажици сушен спанаќ
- 200 гр сирење
- 1 лажица свинска маст
- 300 мл кисела вода
- Сол по вкус
- Сусам за посип
Подготовка
Јајцата ги матиме да им се зголеми волуменот до светло жолта боја. Ги додаваме брашната, пецивото, семињата, спанаќот, свинската маст, киселата вода. Целата смеса ја соединуваме со миксер. На крајот го додаваме издробеното сирење. Калапот за мафини го премачкуваме со масло и брашно,ставаме од смесата и ги наросуваме со сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Забелешка
Ако ви е солено сирењето немате потреба да додавате сол. Од оваа доза ми излегоа околу 20 мафини. Истава смеса може да ја истурите и во тавче па да направите брза пита. Мафините ги печев во рерна со вклучен вентилатор.