Лесна манџа погодна за овој период, сезона на тивички, а и евтина.
Кромидот, морковот се рендаат и се пржат на масло, модриот патлиџан се сецка на коцки и тој се додава, тиквичката се лупи и се додава се убаво се пропржува и потоа се додава оризот и тој да се запржи малку, црвениот домат се ренда и се додава. Се налева со вода и се остава да се вари. Кога е готово се трга на страна и се прави запршка од малку масло, се додава брашното кога ќе порумени се додава и црвениот пипер, се истура во манџата и се враќа да зоврие се посолува по вкус.
Пријатен апетит !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови