
27
авг
2015
Лесна куркума чорба (посно)
Има повеќе варијанти на оваа манџа, ама оваа е особено вкусна, а и брзо се подготвува, па затоа рецептот мислам дека треба да е тука.
Подготовка
1. Морковот и лукчето ситно ги сечкаме и кратко ги запржувамена масло, на оган.
2. Додаваме брашно и куркума, промешуваме и потоа го додаваме компирот исечкан на коцки. Налеваме вода и вариме.
3. При крајот на варењето го ставаме грашокот и зачините, оставаме уште малку да се вари, а сосема на крајот го ставаме сечканиот магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани