Лесна крем торта со јаткасто овошје
Името кажува се за тортичкава, немам што да ја објаснувам, а и ќе си ја пробате.
1. Белките со шеќерот се матат во цврст снег, па се додаваат останатите состојки освен јаткастото овошје, внимателно за да ни остане воздушеста, се меша целата смеса со шпатула.
2. На тавче бр. 28 или пак во модла со обрач, на кое сме ставиле хартија за печење, се посипуваат 120 гр сечкано јаткасто овошје. Се става пандишпанот од белките и се пече на 180 степени.
3. Откако ќе се испече, пандишпанот го вадиме од тавче и го ставаме во тањир во кој ќе ни биде тортата. Ставаме обрач од калап за торта доколку сме печеле во обично тавче, за да ја добие тортата посакуваната форма и да не ни истече кремот од страните. Го оставаме убаво да се излади.
4. Во 250 мл млеко се мешаат жолчките, густинот, брашното и шеќерите. Остатокот од млекото се става на оган и кога ќе почне да врие се додаваат измешаната смеса со жолчките и се вари како пудинг. Откако ќе се свари го тргаме на страна па додаваме една бела чоколада. Кога убаво ќе згусне и се соедини се става врелиот крем врз изладениот пандишпан.
5. Врз кремот ставаме сечкано јаткасто овошје. Оставаме да се излади кремот.
6. Потоа правиме шлаг според упатството на кесичката и со шприц ја филуваме тортата по желба.
Забелешка
Може да ја печете и во помало тавче за да ви излезе повисока.
Ставајте полни лажици брашно и густин во филот за да добие убава цврста структура. Кога ќе го распоредувате пандишпанот со белките, прво ќе ставите топки од смесата со лажица, па внимателно ќе притискате нежно за насекаде да се распореди, а да не ги растурите или соберете на едно место јаткастите плодови. Може да ја направите и само со сечкани ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Big LIKE :)