12
фев
2013
Воздушести лепињи со јогурт
Квасецот се става во водата заедно со шеќерот и 2лажици брашно да стаса. Одкако ќе стаса се меси тесто со брашното и јогуртот.
Зејтинот постепено се додава за тестото да стане повоздушесто.
Тестото се остава да стаса, а потоа на побрашнета маса се формираат лепиње по желба. Од оваа смеса јас обично правам 14-16 парчиња. Лепињете се оставаат да стасаат, се премачкуваат со малку зејтин и водичка и се печат.
Овие лепиње мошат и да се полнат со фил по желба и кај мене неколку се полнети со сирење, а другите празни по желба на домашните.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Dani, ubavi -ubavi,
So kakvi ubavi lepinji Dani ne preceka !!
Blagodaram na site za komentarite i od sega vo pogolem broj i uste mnogu mnogu ubavi recepti da si razmenime:)
Аууу какви пуфкички ми излегоа :)))
Повоздушести од овие амин.Ги полнев со урда и малиџано и сега само што ги пробавме.
Нешто феноменално.Реков јас за теста со јогурт,кис.млеко...потпишувам со двете раце
Поздрав Дани
Sega malku pojasnuvanje za rec;
testoto za ovie lepinje e dosta meko nesto kako za mekici zatoa neka ne ve cudi kolicinata na tecnost,zatoa tuka e zejtinot koj mu dava povozdusesta struktura na samoto testo i lepinjete moze da se oblikuvaat vo raka isto kako i mekicite.
Navistina nedostasuva kopceto izmeni zatoa sto nekogas od brzanje ili nekoja slucajnost moze da se ispusti nekoja sitnica koja moze mnogu da pomogne na receptot.pozz do site :)