3
мај
2012
Ледена торта
Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат пецивото, брашното и какаото и се пече во помал плех од шпорет(намрсен и малку набрашнет).
Од кога ќе се испече се додава шербетот. Доволно е да врие 1-2 мин(тортата ладна шербетот жежок)
За филот, одзимаме 250гр млеко, а другото го ставаме да зоврие со маргаринот и шеќерот. Во одземеното млеко го ставаме брашното и се става во врелото млеко и се варе како пудинг. Со филот веднаш ја поливаме тортата. Се служи од кога ќе излади и стегне филот. Се декорира со чоколадни мрвици или рендано чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови