Подготовка

1. Во садот во кој ќе месите ставете квасец, млако млеко, мед и брашно. Измешајте убаво со жица за матење, покријте го садот со најлонска фолија и оставете да стасува 30-40 минути.

2. Потоа во садот додајте ги водата, млекото, јајцето и жолчката. Измешајте убаво со жица.
Додајте го шеќерот и пак изматете. Потоа додајте половина од брашното и почнете со месење. Додајте ја солта, омекнатиот путер и преостанатото брашно. Брашното додавајте го постепено. Сосема на крај додајте ги чоколадните капки. Премесете убаво за да се распоредат убаво чоко капките. Треба да добиете меко, нелепливо тесто.

3. Садот со тестото покријте го со фолија и оставете да стасува 2 часа. Од стасаното тесто земајте парчиња од околу 75 грама и формирајте топчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со фолија и оставете да стасуваат 1 час. Премачкајте ги со разматена жолчка и млеко.

Печете на 175 степени, 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани