
24
јун
2020
Леб како подлога (декорација)
Лепчето е обично, а оваа идеја да послужи како подлога ја видов случајно на ТВ.
 Прво се подготвува лебот.
 - Во сад се става сувиот квасец, солта, шеќерот и водата.
 - Се меша со лажица и потоа постепено се додава брашното.
 - Се меси и се остава да кисне 1 час, потоа се формира лепче во округла форма, се побрашнува одозгора и се пече на 200 степени околу 30 минути.
 - Колбасите се засекуваат и се пржат.
 - Кога лебчето ќе излади, се засекува попречно, се вади дел од средината и во длабнатината се ставаат пржените колбаси. Исечениот дел се става како капаче.
Лиценца: Сите права се задржани



















