- Изрендајте ги тиквичките, посолете и оставете да одстојат. Исцедете ги стискајки ги со рака. Ставете во садот и додадете ги сите горенаведени состојки, измешајте. Ќе добиете смеса која лесно ќе ја формирате како подлога за оваа пица.
- На хартија за печење формирајте тенка подлога - помогнете си со лажица.
- Ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 250 степени на долниот дел од рерната. Нека се пече 10 мин, а ќе знаете дека треба да ја извадите кога ќе забележите дека рабовите и се потемнети на подлогата од тиквичките.
- Извадете, ставете веднаш исечениот на парчиња домат, пиперката, маслинките, врз нив ставете малку од маслото, вратете во рерната и нека се печи уште околу 10 мин, а можеби и помалку. Исклучете рерната, извадете ја, посипете со ренданиот кашкавл - вратете назад колку да се стопи кашкавалот.
Извадете од рерната и нека олади малку, па сервирајте.

Напомена
Филот бирајте си го вие по желба. Можете наместо домат да ставите сос од домати. Како што кажав, изборот е ваш. Не би ви прпорачала додатно да ставате зачинки бидејки подлогата е добро зачинета. Брашното не мора да е интегрално, ставете си по ваш избор.

Јас имав две тиквички и спремав од половина состојките.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани