Ова е денешниот ручек.
Преубав пресен лаврак на жар.

Прво рибата се чисти од нечистотиите, се мие убаво и се соли со морска сол.
Се попрскува и со маслиново масло.
Се остава така да одстои околу 7-8 часа.
Се пали скара на жар и на решетка за риба се редат рибите и се печат.
Во текот на печењето со лажица се прелеваат со смеса направена од лимонов сок, маслиново масло, лук.
Се превртуваат убаво да заруменат, односно убаво да се испечат како би се делело месото од коските. Им треба околу 25-30 минути, рибата треба да остане сочна.
Сервирајте со компир салата, марула, чаша бело винио и уживајте во овој преубав ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани