20
јан
2021
Печен лаврак со лимон и магдонос
1. Рибата ја чистиме и ја миеме.
2. Ја полниме со кришки лимон и сечкан магдонос. По вкус и желба може да додадете толчен лук.
3. Ја премачкуваме со маслиново масло, ја посолуваме, додаваме мешан сув зачин(без сол).
4. Ја ставаме да се пече на 200 степени околу 15-20 минути, зависи од рерната.
5. Во текот на печењето 2-3 пати ја прелеваме со сок од лимон.
Лиценца: Сите права се задржани
Preferiram cipura, ama i lavrak so merak go jadam hahaaaa
Од мали нозе сме со риба на менито,така ја сакам, ама било која. И оваа твојата Вале,преубава.