Печен лаврак со лимон и магдонос
Состојки
- 3 парчиња риба лаврак (бранцин)
- свеж магдонос
- лук по вкус
- 1 лимон и сок од 2 лимони
- сол и бибер по вкус
- мешан зачин без сол
- маслиново масло
Подготовка
1. Рибата ја чистиме и ја миеме.
2. Ја полниме со кришки лимон и сечкан магдонос. По вкус и желба може да додадете толчен лук.
3. Ја премачкуваме со маслиново масло, ја посолуваме, додаваме мешан сув зачин(без сол).
4. Ја ставаме да се пече на 200 степени околу 15-20 минути, зависи од рерната.
5. Во текот на печењето 2-3 пати ја прелеваме со сок од лимон.