Лаваш-турски лепчиња
Па ајде одиме во насока кон Турција, ете од таму произлезе ова лепче.
Од состојките предвидени за тесто се меси многу мека конзистенција тесто кое се остава да се кисни некои 45-50- мин. После се кинат 6 делчиња кои се подрасукуваат со сукалка на побрашната работна површина, се ставаат на плех над хартија за печење, се премачкуваат со премаз, откако се готови се роси сусам и после се вклучува рерната да се загрее на 200. Кога ја достигне температурата се ставаат да се печат, нека поруменат. Топли се прекриваат со крпа да се ладат (ништо погрешно ако ги изедите уште топли...на здравје). Вака припремени можат и да се мрзнат, да послужат како лепињи, за правење сендвичи и уште икс други примени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови