Кумановски мафини
Прекрасни мафини кои ги обожавам за секоја прилика и за доручек и кога ќе ми се најават гости, поминуваат секогаш.
Се прават два фила
фил 1
3 белки се матат убаво а потоа во нив се додаваат малото за јадење, јогуртот, палента, пченкарното брашно и пециво.
се остава да стои 30 мин, за тоа време се спрема дргиот фил.
фил 2
3 жолтки, сирење и сецкан кулен.
Корите ги делиме на два дела по 5 кори.
првата кора ја прскаме само со малку масло за јадење, а врз неа ставаме друга кора и на неа ставаме од фил 1.(отприлика по 3 лажици)така и на третата и четврта кора ставаме од фил 1, а на 5 кора ставаме од фил 2.
Корите ги виткаме во ролат и сечеме парчиња во дебелина од 1цм.
Истото го повторуваме и со другите 5 кори.
Плехот од мафини го подмачкуваме со маргарин и во секое ставаме по две парчиња одозгора ги премачкуваме со фил 1.
Печеме на 200 ц 25 мин.
Мирисот на печен кулен освојува уште од влезната врата. Овие мафини имаат 1 проблем-не можеш никогаш со 1парче да се задоволиш.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови