Куглов со суво овошје
Многу често кога правам фил со жолчки ми остануваат белките неискористени, па тогаш го правам овој колач (куглов). А и да не спомнувам дека за правење се потребни 10-15 минути и уште 20мин. за печење па така имате вкусен колач за половина час.
Белките се матат со миксер и постепено се додава шеќерот лажичка по лажичка. Се мати додека не се стопи шеќерот и се добие густ шам. Се додава маслото и потоа се исклучува миксерот. Наизменично се додаваат сувите состојќи ( брашното и сувото овошје). Кугловот се премачкува со маргарин и се става смесата. Се пече на 170 степени 25-30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови