Кубети
Во брашното се прави вдлабнатина во која се става квасецот со прстофат шеќер и дел од млекото затоплено да надојди. Потоа се додаваат и другите состојки, од кои млекото замлачено на крај. Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 сантим. Со нож хоризонтално и вертикално се сечи на растојание од исто така 1 см. (види фото). Одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на подмачкан плех.
Се печат на 165 степени и на секои 5 мин се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни малку ќе фатат боја.
Пријатно грицкање!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се надевам дека добро објаснив, ако треба уште нешто, слободно прашај ме. Поз
колу што знам јас овде нема омилени. јас прво копирав на комјутер со копи-пејст па во м. ворлд (колку е смесно на наше ова напишано, ме мрзи да меувам фонт на секое ))) - но потоа видов дека над главната слика има со клик директно да си го земиш во пдф верзија. ... ми се чини дека оваа опција ја немаше до пред брзо време или пак јас толку не сум гледала )))