Кубети
Состојки
- 40 гр квасец (1)
- 1 кг брашно
- 1 лажица сол (може и повеќе)
- 1 чаша (од јогурт) масло
- 1 пак ким
- 100 гр сусам
- 1/4 млеко (по потреба)
Подготовка
Во брашното се прави вдлабнатина во која се става квасецот со прстофат шеќер и дел од млекото затоплено да надојди. Потоа се додаваат и другите состојки, од кои млекото замлачено на крај. Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 сантим. Со нож хоризонтално и вертикално се сечи на растојание од исто така 1 см. (види фото). Одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на подмачкан плех.
Се печат на 165 степени и на секои 5 мин се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни малку ќе фатат боја.
Пријатно грицкање!