Крцкави тркалца со компири
Најпрво ги вариме компирите и ги пасираме како за пире. Го замесуваме тестотото со потребните наведени состојки, белката од јајцето и со пирето од компирите, убаво да не ни се лепи за сукалката Да нагласам за брашното ,количината од 400 до 430 грама. Расукуваме кора дебелина околу 5 мм, и сечеме тркалца со не многу голема чаша или по ваша желба големина. Ги редиме тркалцата во подмачкан плех, ги премачкуваме со изматената жолчка. Одозгора посипуваме со сол ако сакаме. Јас едни тркалца направив така и ми беа многу вкусни. Ги посипуваме со ким или ако сакате може и со сусам. На средината на тркалцата ставаме сецкани маслинки. Ги печеме на 200 степени,околу 20 минути. Тркалцата се многу крцкави и одлични за грицкање гледајки телевизија. Може да се послужите и со чаша јогурт или кисело млеко. Се надевам дека ќе ви се допаднат и ви посакувам добар апетит. П.С. Заборавив да нагласам,и овој рецепт ми е од „ Кувар за секое домаќинство од 1981 година..Името на рецептот во куварот е погачки со компири,ама на мене повеке ми личат на тркалца ,и затоа така си ги нареков.
Лиценца: Сите права се задржани
Добра ноќ Светле, отидов да фатам хоризонтала, малку... се читкаме утре ;)
ПРАЗНА ЧАША НА МОМ СТОЛУ
ИЗ ТЕ ЧАШЕ ТИ СИ ПИИИИИЛА :) :) :) :)