Непечена торта со чајни тркалца
Брза торта за правење која нема да ви одземе многу време.
Најпрво пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте ги во млекото. Во сад настрана избијте ги јајцата и тие додадете ги во млекото со пудинзи и варете на тивок оган додека не се згусти. Оставете ги филот да се излади и ладен избијте го со претходно матениот маргарин со шеќерот во прав. Филот поделете го на два еднакви дела, едниот останува бел, а во другиот го ставаме чоколадото, румот и мелените бисквити(чоколадото треба да е топено). На дното на калапот прво ги редиме кроасаните сечени на половина и натопени во малку млеко. Над кроасаните го ставаме белиот фил. Над белиот фил ги редиме чајните тркалаца претходно убаво натопени во врело млеко и над нив мачкаме од црниот фил. Тортата цела ја премачкуваме со чоколадото и најубаво е да ја оставиме до наредниот ден за да прими убаво од филот,бидејки тркалцата се потврди и им треба врема за да омекнат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови