
19
дек
2012
Крцкави тофу коцки
Тофу сирењето исечете го на коцки и оставете го 5 минути на кујнска хартија, да се впие вишокот вода.
За тоа време измешајте ги останатите сосотојки- палентата, брашното од пченка, солта и црниот бибер.
Коцките тофу се валкаат во смесата и се пржат на загреано масло од сите 4 страни.
Испржените коцки се ставаат повторно на кујнска хартија, но овојпат за да се впие вишокот маснотија.
Многу се вкусни- крцкави однадвор, а меки во внатрешноста.
Може да ги послужите со домашна салца или со соја сос.
Вкусно брзо предјадење...кое фантастично оди со пивце....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови