Крцкаво тесто -16 парчиња со дијаметар од 5 цм
1. Измешајте го со шпатула мекиот путер, заедно со шеќерот, додајте го брашното и смесата која ќе се добие, расучете ја помеѓу две парчиња хартија за печење, со дебелина отприлика 2 мм. Сечете со ракиена чаша со дијаметар од 5 цм. Остатокот од тестото пак расучете го се додека не се потроши. Од оваа смеса излегуваат 16 крукчиња. Ставете ги во фрижидер.
Основно тесто
1. На оган ставете го млекото, водата и путерот и оставете да зоврие. Тргнете го настрана тенџерчето, додајте го брашното и измешајте. Вратете го тенџерето на оган и мешајте минута, две, да се потсуши и да стани како пластелин. Исто како за тулумби или еклери.
2. Тестото оставете го да се олади десетина минути, па додајте ги јајцата едно по едно, матејќи со миксерот. Смесата префрлете ја во кеса на која ќе и го отсечете врвот.
3. Тавата во која ќе печете прекријте ја со хартија и исшприцајте 16 топчиња тесто со дијаметар од 5 цм.
4. Над секое топче од тестото ставете по едно парче од крцкавото тесто. Печете на 190 степени, 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 170 и печете уште 15 минути. За тоа време не ја отворајте рерната.
Дипломат крем
1. За кремот, изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го брашното, измешајте, па ставете го млекото.
2. Ставете го на оган, мешајте постојано и кога ќе се згусти тргнете го настрана и додајте го путерот. Измешајте и нека се олади.
3. Изматете ја слатката павлака и измешајте ја со кремот. Веќе изладените, распукани, принцез крофни полнете ги од долната страна, направете мало дупче и со помош на шприц целосно наполнете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови