Ова е рецепт на баба Ванда од Полска за последниот мрсен четврток пред постот во кој традиционално се подготвуваат крофни.
Квасецот се потопува во 200мл млеко и 1 лажица шеќер и се остава да стаса.
Во подлабок сад се просејува брашното, се додава шеќерот, солта и стасаниот квасец. Кон брашното се додаваат 2 цели јајца и 2 жолчки, маргаринот, остатокот од млекото и се замесува глатко-мазно тесто. Се меси се додека не почне тестото да се одделува од зидовите на садот. Се остава да се одмори-да надојде.
Одкако ќе надојде тестото убаво е да се изработи уште еднаш. Убаво да се избие на рака и да се одмори уште 30 минути. Одкако ќе стаса по втор пат се зема во рака тесто со големина на пинг-понг топче и се расплескува на дланка. Се полни со крем, џем, мармалад, мед и убаво се затвара, се оформува во топче, па се притиска во ширина и се редат крофните на побрашнет плех да стасаат 20-30 минути.
Во подлабок и поширок сад(гурмет) се истура околу 700-1л зејтин и се става да се загрее. Температурата да не е многу висока затоа што крофните се пржат на потивок оган.
Секогаш при спуштањето во зејтинот се спуштаат од страната на која лежат додека стасуваат. Се вртат почесто на секои 30 секунди 2-3 пати и се ваѓаат на хартиени салфетки да се впие зејтинот. Се посипуваат со шеќер во прав.
Како што напоменав ова се прекрасни крофни за TLUSTY CZWARTEK

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Без адаптирани дела