Кромидарник
Не е заборавен овој кромидарник и верувам дека се наога на менито скоро во секое семејство...наше традиционално јадење,
- Исецканиот кромид пропржете го на зејтин, кога е омекнат доволно се додава оризот, заедно се пржи додека да оризот стане стаклест, му се додаваат зачинките, се промешува. Се залива со топла вода (побргу да зоврие). Откако зоврие се трга настрана тавата, се кршат цели јајцата, се става во предходно загреана рерна и оставете нека крчка.
- Проверете - кога оризот е сварен - кромидарникот е готов.
ЗАБЕЛЕШКА
Јас вака го спремам кромидарникот за да го задржам во моето семејство. Знам дека кромидарникот се прави само од кромид кој се залева со вода, понатаму исто, кога проврие се додаваат јајцата и се става во рерна да се подпечи. Но моето семејство не сака само кромид, па му додав ориз. Исто така е превкусно. А слободно намалете ја и количината на оризот.
Значи , количината која е напишана во состојките е доволна за 2 особи, затоа и пишувам 2 јајца. Кога спремам за повеке особи, нормално дека ја зголемувам количината на состојките. На секоја особа пожелно е да се планира да има 1 јајце.
Водата ја ставам раководејки се од тоа дека кога се прави оризник се става 1 мера ориз - 3 мери вода. Па така и овде нека се и овде зрното брои. Вообичаено го спремам за секоја особа посебно во малите земјени ѓувечиња, откако залијам со водата, оставам да проврие, поделам еднакво во ѓувечињата, ставам по едно јајце, покријам со капачето, па во рерната која е загреана за да продолжи веднаш вриењето, а не ретко го спремам и во голема земјена тава.
Да се послужи со салата од туршија нема да згрешите, плус луто пиперче... мераци големи.
Лиценца: Сите права се задржани