Компирите се варат во солена вода како за пире.
Добро се цедат.
Им се додава мешан сув зеленчук и црн пипер.Убаво се гмечи со алатка за пире.
Па се додава путерот, убаво соединува.
Се додаваат жолчките.Убаво се изработува.Се остава целосно да излади.
На добро набрашнета подлога се формираат ваљаци од меката смеса.Се сечат.Се редат на хартија и се ставаат во длабокото на 1 час.
Потоа се валкаат убаво во благо разматена белка, па во презла.
Повторно одат во длабокото 1 час, па се пржат во добро загреана длабока мрснотија.
Се вадат на кујнска хартија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани