Крокети од бајат леб
Лебот ситно издробете го, доддадете го млекото и жолчката, шунката, сирењето и кашкавалот. Убаво измешајте да се соедини. Ако треба додадете уште млеко или леб смесата не треба да се рони, а ни да биде претечна,малку ќе се лепи.
Од смесата се зема мало топче и се прави како крокета(како колбавче). Постапката се повторува додека имате материјал. Откако сите се направени, секоја макајте ја во изматена белка со 2 лажици вода, па во презла.
Откако сите се направени ставете масло да се згрее, кога е згреано ставајте едно по едно да се испржат во загреано масло. Се пржат додека добијат руменкаста боја. Се вадат и се стават на салафетка да впие вишокот масло.
Одлични се со јогурт и сирење, може да ставите што сакате или имате во состојките. Од повеќе од половина векна мене ми излегоа 20 средни крокети..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови