Излупете ги и исечете ги компирите на коцки,ставете ги да се варат во вода.Откако ќе се сварат истурете ја вишокот вода од тенџерето. Жешки испасирјте ги со алатка за пасирање. Ставете го млекото претходно смлачено, путерот, солта, зачините и миксирајте со миксер додека се добие кремасто пире.
Се служи топло.

ЗАБЕЛЕШКА
Во пирето можете да ставите повеќе млеко ако сакате покремасто и пенливо пире.
Пирето треба да се јаде топло(млако),затоа што кога ќе отстои малку ќе почне да се здрвува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови