Кремасто фета мезе
1. Во длабок пенесто изматете го маргаринот и додадете ја киселата павлака, миксирајте додека смесата се изедначи. Во садот постепено додавајте од фета сирењето и континуирано миксирајте.
2. Сончогледот и семките од тиква сомелете ги поединечно.
3. Смесата од фета сирење поделете ја на три еднакви делови. Во едниот дел додадете го потпечениот сусами и промешајте. Во другиот дел додадете го мелениот сончоглед и промешајте и во третиот дел додадете ги мелените семки од тиква и промешајте.
4. Со најлонска фолија обложете го калапот (форма по желба) и ставете ја смесата со сусам, па смесата со сончоглед и на крај смесата со семки од тиква. Ставете го калапот во фрижидер да се стегне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови