Кремасти штангли
Белките ставете ги во сад за матење, матете ги додека се добие мек снег. Додадете го шеќерот, матете додека се растопи шеќерот и се добие цврст снег. Додајте го брашното, кокосот, пецивото.
Мешајте со шпатула во една насока за да не спласне. Ставете го во плех 20*30 цм. прекриено со хартија за печење.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, па намалете ја на 180, печете 15 мин, не смее да ја смени бојата, треба да остане бела.
Оставете го да се излади. Изладено прелијте го рамномерно со врелото млеко.
800 мл. млеко ставете да се загрее. Останатото 200 мл. измешајте го со брашното, пудингот, шеќерот и жолчките-измиксирајте да се соедини. Кога млекото ќе проврие полека сипајте ја изматената смеса и мешајте додека згусне. Внимавајте да не се загори. Тргнете го да се олади 2 часа покриено со фолија за да не фати кора.
Пенасто изматете го маргаринот додавајте лажица по лажица додека стане кремасто и изедначено. Додајте претходно изматена слатка павлака. Измиксајте да се соедини.
Измиксаниот фил ставете го на кората. Одозгора ставете изматени шлаг пени со млеко.
Оставете го малку во фрижидер да се здрви шлагот и сечете штангли..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови