Кремаста торта со малини и бело чоколадо (чизкејк)(без печење)
Ммммм...Малинаста кремаста фантазија...За вистинско летно уживање...
Подготовка на подлогата
1. Муслито го блендираме во Нутрибулет или блендер.
2. Го соединуваме со кокосовиот путер и медот.
3. На дното од тавата за чискејк ставаме хартија за печење, која претходно сме ја исекле во форма на калапот.
4. Ја распоредуваме смесата, а страниците на тавата ги премачкуваме со кокосов путер.
5. Ја ставаме во фрижидер да се стегне.
Подготовка на крем филот
1. Желатинот го раствораме со 2-3 лажици вода, па потоа го ставаме на рингла да се растопи.
2. Малините ги блендираме и потоа ги поминуваме низ цедалка да ни отстраниме семките.
3. Белото чоколадо го растопуваме со путерот на пареа или на многу ниска температура на рингла (1 од 6).
4. Павлаката ја матиме заедно со киселото млеко, па го додаваме растопениот желатин.
5. Го додаваме белото растопено чоколадо и соединуваме.
6. Од смесата одвојуваме третина во која ги промешуваме блендираните малини.
7. Врз подлогата ставаме малку фил па редиме малини и повторно остатокот од белиот фил.
8. Откако убаво ќе измазниме го додаваме филот од малини.
9. Ја оставаме тортата да се стегне, па ја декорираме по желба.
Забелешка
Јас како им фатив ред на ова чизкејковите вообичаено ги подготвувам навечер и утредента ми се спремни за сервирање.
За да го отстраните полесно чизкејков и ваквите кремасти торти од калап ви препорачувам кратко страниците на калапот да ги издувате/загреете со фен. Ете уште една тајна или финта да споделам со вас. Потоа го тргате обрачот или страниците од калапот и исто ја отстранувате внимателно хартијата што ја ставивме на дното.
Лиценца: Сите права се задржани
Ti si mlada. Majka. Neli? ❤️
ама утеха ми е што заменски денес си имам нешто малинесто и јас за десерт хихихи златни малини од дворче :)
Ke ostanam da si zjapam vo tortava.
A pa koga i ne sum zjapala vo tvoite recepti i sliki:)))
Gi obozavam.