Крем супа од сушен вргањ
Ова ми е една од најомилените супи. Вкусот е прекрасен особено доминантен е вргањот, а комбинација со другиот зеленчук е полн погодок. Одлична супа за време на пости или за денови кога сме на диета, доста заситува, а не е калорична или пак за време на зимските денови да не загрее.
1. Вргањот се попарува со врела вода, а потоа се цеди
2. Во длабоко тенџере се става околу 3 литри вода.
3. Во водата се става целиот зеленчук измиен, излупен и исецкан на помали парчиња за побрзо да се свари
4. Се поклопува со капак и се вари околу 30 минути, подобро е да не е премногу сварен само да омекни
5. Се цеди зеленчукот и се блендира
6. Се враќа повторно во течноста се додаваат зачините и се меша
7. Се става на оган и се остава да зоврие и веќе е готова
Во сервирањето може да се додаде и 1 лажица павлака или насецкан магдонос или копар
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Втората работа, нема потреба од вадење зеленчук, па пак ставање, сето тоа може во самото тенџере да се изблендира комплет со рачен блендер.
Практикувам зеленчукот да го вадам и да го блендирам во малку течност затоа што полесно и подеднакво се мели, во тенџерето во поголема течност ми остануваа по некои цели парченца, а и многу ми распрскува по сите страни, а точноста е врела, па малку е понебезбедно. Поздрав :)