Крем супа од сушен вргањ
Состојки
- 50 гр сушен вргањ
- 2 средно големи компири
- четвртина главица целер
- 1 главица кромид
- 1 средно голем пашканат
- 2 моркови
- четвртина главица репа
- 3 лажици маслиново масло
- по вкус сол
- малку зелен и црн бибер мелен
Подготовка
Ова ми е една од најомилените супи. Вкусот е прекрасен особено доминантен е вргањот, а комбинација со другиот зеленчук е полн погодок. Одлична супа за време на пости или за денови кога сме на диета, доста заситува, а не е калорична или пак за време на зимските денови да не загрее.
1. Вргањот се попарува со врела вода, а потоа се цеди
2. Во длабоко тенџере се става околу 3 литри вода.
3. Во водата се става целиот зеленчук измиен, излупен и исецкан на помали парчиња за побрзо да се свари
4. Се поклопува со капак и се вари околу 30 минути, подобро е да не е премногу сварен само да омекни
5. Се цеди зеленчукот и се блендира
6. Се враќа повторно во течноста се додаваат зачините и се меша
7. Се става на оган и се остава да зоврие и веќе е готова
Во сервирањето може да се додаде и 1 лажица павлака или насецкан магдонос или копар