Крем супа од компири (со бешамел сос)
Компирот се лупи и се сечка на ситни парченца(коцкички), се става да се вари.
Кога е напола варен се прави бешамелот. Се става путерот во тавче да се стопи, се додава брашното и се трга од оган. Се додава млекото и се меша да нема грутчиња. Компирот се цеди и во него се додава бешамел сосот и водата коцката супа и останатите зачини, се остава да се свари компирот и да проврие. Се меша павлаката со жолчката и се става во супата, се меша додека малку згусти(малку згустива). Се остава да проврие 5 мин. Се трга и се служи топла.
И на ладна ништо не и фали...
Во супата може да се додаде пропржена сланина, обарен грашок,....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови