Испечати

Крем супа од компири (со бешамел сос)

Крем супа од компири (со бешамел сос)

Состојки

  • 4 поголеми компири
  • 40 гр. путер
  • 20 гр.(2 лажици) брашно
  • 200 мл. млеко
  • 800 мл. вода
  • 1 коцка (40 гр.) за супа
  • 100 мл. кисела павлака
  • 1 жолчка(јас ставив 1 цело јајце)
  • по вкус сол,вегета,магданос,рендано мускатно оревче,лук во прав,....

Подготовка

Компирот се лупи и се сечка на ситни парченца(коцкички), се става да се вари.

Кога е напола варен се прави бешамелот. Се става путерот во тавче да се стопи, се додава брашното и се трга од оган. Се додава млекото и се меша да нема грутчиња. Компирот се цеди и во него се додава бешамел сосот и водата коцката супа и останатите зачини, се остава да се свари компирот и да проврие. Се меша павлаката со жолчката и се става во супата, се меша додека малку згусти(малку згустива). Се остава да проврие 5 мин. Се трга и се служи топла.
И на ладна ништо не и фали...
Во супата може да се додаде пропржена сланина, обарен грашок,....