Крем сирење
Лутајки по интернетот налетав на овој прекрасен, едноставен и предобар рецепт со кој веке не размислувам дали да направам Cheesecake или не. Секогаш токму овој крем ми бил пречката да спремам од две причини - или го нема или ако налетам на него...премногу е скап. Овој рецепт ми ја разреши дилемата.
Да одиме сега по ред-
- се вари 1 литар млеко и се остава да олади. Кога е веке млако, се става во него 1 лажица алкохолен оцет. Се остава да стои 24 часа.
- После овие 24 саата му се дотура уште 1 литар варено и млако млеко - се промешува и пак се остава да одстои 24 часа.
- Истата постапка ја повторуваме уште еднаш - значи пак долеваме во садот уште 24 часа, промешуваме и оставаме следни 24 часа.
Откако изминале и овие 24 часа, го ставаме веке добро фатеното млеко во газа да се цеди. Кога е добро исцедено се вади од газата, се става во сад, го осолувате по ваш вкус и го миксате.
Соберете во тегла или од вас избран погоден сад... право во фрижидер.
Со вака спременото сирење можете да правите и слатки и солени пецива, а секако да го користите и како намаз.
Кога почнете да го спремате, ке видите дека првиот ден ништо посебно не се десило, вториот ден веке ке забележите дека се фатило како кисело млеко па дури и се одделило (веке како што велам јас - се оцвичило), третиот ден веке наполно фатено.
Па нека ви е на дофат овој рецепт и никој нема да се покае затоа што ќе ве врти од продавницата само ако сте намислиле да купите АБЦ намаз... сетете се на овој рецепт. Јас секогаш го спремам од по 1/2 л. млеко и ми излегува точно 430 гр. крем - а доколку млекото е помасно... верувам тогаш и количински ќе е повеке. Користам домашно кравјо млеко
НАПОМЕНА: Оцет се става само таа 1 лажица како што е напишано во рецептот, потоа само се долева млекото во садот. Сите овие три дена млекото се чува на собна температура. Можеби ке ви се чини дека е претопло да се чува така млекото на собна температура поради горештините, но не се секирајте... топлината дури е од помош на млекото и нема д асе расипе. Првиот ден кога ке го отворите садот ке помислите дека нешто не е во ред... ниту се фатило, а има некој чуден мирис... но следните два дена при дотурањето на преостанатото млеко... се ке си дојде на свое место.
Лиценца: Сите права се задржани
Sirenjeto ke go pravam koga ke se vratam od odmor, pa ke kazam....
A aparatot "go vezbam", imam i nekoi sliki, ne e deka se losi, ama sakam poveke od nego :)
Na site im blagodaram za cestitkite, a ako si go spremat ova kem sirenje nema da se kajat, receptot e tocen sosema!
знаеш дека јас не сакам индустриски работи, ова ми е медоина за душа. ние дома се трудиме да јадеме самотоа што ќе си произведеме. хемијата ќе не' уништи. да сакаш да купиш чисто, нема :(
вака, само наш двор, наша бавча, наше месо. тоа што не можеме да си произведеме, тоа купуваме (шеќер, сол и сл) :)
Јас го ставив во тенџере.Следниот пат ке пробам да направам во садот ама со помалку млеко.
Сакам да пробам, па да се информирам поубаво :))))
Ај ќе причекаш,се надевам,за позитивен резултат.
Значи дефинитивно може и со купечко млеко,но најдобро е со домашно,бидејќи има повеќе масти.
Првиот ден само како грутчиња фати.Вториот ден кога го ставив млекото мислев дека ќе се зафати поубаво,ама не.Беше сосема течно.Да заборавев обично млеко надвор од фрижидер сто пати ќе се скиснеше,а не пак со оцет.Дури и последното литро кога го ставив немаше никакви промени,освен што мирисаше на скиснато.Ја и си помислив дека на крај ќе правам урда :)
Млекото го оставив уште екста 15 тина часа и тек тогашсе скисели убаво и беше густо.Го ставив во газа и стоеше цела вечер да се исцеди убаво.Сега пред малку го измиксирав и морам да кажам дека има фантастичен вкус.Следната тура ќе ја правам со домашно млеко.
Лилјана фала за рецептот!И на мене ми реши многу дилеми за некои рецепти кои сум ги избегнувала токму поради недостатокот или неможноста да најдам соодветно крем сирење.
Поздрав
значи, збогум АБЦ, не па дека го користевме, знаеш каква сум параноична кога е во прашање индустрија. јас би јадела, ама па на младунче не му давам ни да помириса. посреќно ќе биде неуко :) :) :) :)
го правев од кравјо млеко. комшите имаат супер кравички :)
нема да ставам слика од кремот, крем како крем, бел, ама ќе ставам слика од задоволен консумент :) :) :) :)
Со битолско свежо млеко во тетрапак го правев, од 2 литра млеко ми излезе 650 грама некаде. Ама, на ептен топло овој пат - ми стоеше врз шпоретот, а во тие денови вклучував и рерна и рингли.
Фала најмногу. Одвај чекам со следната доза да правам чизкејк :)
На мене не ми мирисаше многу грозно ни вториот ден :)
Инаку, го јадевме цела недела и не мрдна вкусот.