Крем салата со грав и пиперки (посно)
Ете уште еден во низата посни предлози.
Гравот се вари во вода како о вообичаено, при крај на варењето се ставаат чистени од шишки и семки сувите пиперки, да се подварат колку да може да се оддели лушпата од ,,месото,,
Се става во жежок грав сув зачин, додека се цеди, се зачинува, се блендира додавајќи постепено маслиново масло, лук и на крај чистени пиперките.
Во врска со сусам пастата кога нема може да се ,,пржи,, на суво со постојано мешање и се префрла самостојно во блендер убаво да се издроби. Оставаме малку смесата да си поприми од зачините па образуваме ,,топки,, со мало лажиче и толку.
Готова е салатичката посна, здрава и убава пред се кој не го љуби многу гравот како мене вака сигурно ќе му се допадне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови