Ова ни е една од омилените крем салати и многу често ја приготвувам, не одзема многу време.

Туната се цеди од маслото или водата и се става во длабок сад. Се полева со сок од лимон и се додава ситно исецканиот кромид, оригано и коријандер. По желба може и свежо мелен црн пипер. Убаво се меша и се остава во фрижидер покриена со фолија.

Печурките убаво се мијат и се сецкаат на тенки ливчиња. Во тава за пржење се топи путер и се додаваат печурките да се пропржат. Се зачинуваат по желба, јас ставам мешан сув зачин, црн бибер и оригано. Кога ќе испари водата, се додава белото вино и се динстаат во него додека не испари. Потоа се додава една лажица сусам и се пропржува заедно со печурките.

Изладените печурки се мешаат со туната, се додаваат златната мешавина претходно обарена, ситно исецканите кисели краставички и киселата павлака и се меша убаво, да се добие хомогена смеса.

Се остава во фрижидер убаво да се излади.

Оваа салата може да се приготвува за различни слави и свечености, може да се служи вака, но со неа може да се полнат и пирошки од палачинки, тортиљи и слично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови