22
апр
2014
Топла салата со печурки
Едноставна, лесна и брза салата, како погодена за ненајавени гости =)
1. Шампињоните измијте ги убаво и исечете на листови. Во тава со малку зејтин ставете го прво протиснатото лукче, буквално 4-5 секунди колку само да пушти арома и потоа веднаш додадете ги сецканите печурки. Пржете додека не испари течноста што ќе ја испуштат и додека не добијат убава боја. Зачинете по вкус и тргнете од оган. Додадете ја павлаката, промешајте да се изедначи и веднаш ставете во чинии за служење. Толку =)
По желба може да си додадете и други зачини.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Алекса понекогаш и таа комбинација се прави, ако е баш ручек ручек .. одлична е.