Зелката исчистете ја и ситно изрендајте ја. Кромидот исто изрендајте го, а јаболката излупете ги и исечкајте ги на коцкички.
Во едно тенџере ставете ја маста да се загрее/стопи. Додадете го кромидот и јаболката и на средна температура издинстајте ги. Додадете ја и зелката, оцетот и сокот од јаболка. Промешајте убаво па ставете ги и лорберот, шеќерот и каранфилчињата. Посолете и побиберете по вкус.
Поклопете со капак и варете околу 50 мин. со повремено мешање. Додадете вода или сок од јаболка доколку сметате дека е потребно течност при варењето. Готово е кога зелката убаво ќе омекне.

Салатата е со сладок-кисел вкус. Мирисот на каранфилче треба да се осеќа, но не премногу. Се служи топла и одлично оди со секаков вид на печено месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани