Ова е повеќе како идеја, не е баш некој рецепт...
Направете ги палачинките по вашиот омилен рецепт.
Потоа, во огноотпорен сад, редете ги, палачинка, па намачкајте ја со карамел кремот, поситете ја со рендано чоколадо, па наросете ја со сецканите ореви и лешници.
Потоа ставете друга палачинка и повторете ја постапката. Така направете се додека не се наполни садот.
На крајот, ставете го садот во микробранова печка, само 5 мин. и кога ќе ги извадите премачкајте ги со уште еден слој од кремот и украсете ги. Тоа е тоа...

Кремот на овој линк: http://moirecepti.mk/recepti/desert/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BB-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC/

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови