Подготовка

1. Исчистените кајсии се сечкаат и се варат со 3те лажици шеќер и 1 лажица путер додека не станат како каша. Потребно е често мешање, особено кон крајот.

2. Се тргна на страна и се остава да олади, па му се додаваат шеќерот, сокот и кората од лимонот и јајцата и се блендира, додека не се добие убава мазна и кремаста смеса.

3. Садот потоа го ставаме на водена бања, мешаме и вариме додека се згусни кремот.

4. Топлот крем го распоредуваме во чаши или тегличка и оставаме да излади.

Во еден дел по предлог од изворниот рецепт додадов чиа семе претходно набабрено во малку топла вода, а другиот, останатиот дел можеби ќе го употребам во некој десерт ако не го приметат да го изедат во меѓувреме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови