Лимон крем - Lemon curd crema
Многу убав , брз, лимон крем, кој може да се користи како надополнување на филови за торти, ролати, колачи, за полнење на испржени палачинки...... во секој случај добредојдена за претстојните празници.
Пробајте, брзо, лесно, вкусно.
Прво убаво лимоните се мијаат во топла вода во која има додадено малку сода бикарбона.
До колку имате домашни лимони ова не е потребно.
Потоа се сушат лимоните со крпа, се ренда кората и се цеди сокот од лимони.
Во една касерола се ставаат сокот од лимони, кората, шеќерот и путерот.
Се става врз сад со вода за постепено да се растопат и соединат.
Сега кратко со миксер се матат јајцата и се додаваат во касеролата која е над пареа.
Постојано се меша околу 6-7 минути, односно се додека кремот не се згусни.
Се собира во теглички и може да стои во фрижидер до 10 дена.
Истиот крем може да се прави со лимети, портокали, цитрони.
Лиценца: Сите права се задржани
Отиде во омилени. :)