Крем карамел со тиква
Многу вкусна вариација на еден прекрасен рецепт.
Најпрво се разматуваат малку колку да се соединат јајцата и половина од шеќерот потоа се додава млекото, ванилата и циметот и на крајот се додава тиквата и убаво се промешува за да се направи хомогена смеса.
Останатиот од шеќерот се става во еден сад на оган за да се растопи и да се карамелизира, растопениот шеќер се става на дното од садот каде што ќе се печи кремот, над карамелот се става смесата со тиквата, потоа садот се става во поголем сад кој што се полни со вода, потребно е водата да стигнува најмалку до половината на садот со кремот. Така подготвен се печи на 160-170 степени за 90 минути. Откако ќе се испечи се остава да се излади целосно и се превртува во чинија и е готов за консумација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови