21
ное
2019
Печена тиква прелиена со карамел со ореви
Прво тиквата ја миеме, сечеме на парчиња, ги одстрануваме семките, ја редиме во плех и ја печиме на умерен оган одприлика околу 2 часа. Од кога е печена со нож ја одстрануваме кората на тиквата. Во касерола го ставаме шеќерот да се карамелизира на тивок оган. Го додаваме парченцето путер. Тргаме на кратко од оган и ја додаваме внимателно слатката павлака, бидејќи може да прска. Враќаме на тивок оган и постојано мешаме, па ги додаваме и сецканите ореви. Во тајнир сервираме од испечената тиква, прелеваме со карамелот, попрскуваме малку цимет и одма послужуваме. На здравје.