Крекери со сусам, сончоглед и пиво
Измешајте ги пивото и маслото и во нив додадете го прашокот за пециво, па солта.
Потоа додадете ги сусамот и сончогледот и на крај замесете тесто со брашното.
Развлечете го тестото во кора со дебелина од околу половина см или малку подебела ако сакате и со помош на калапчиња или засекувајќи го на штангли вадете форми и печете на 200Ц 15-20 мин.
*Крекерите можат да стојат и подолго време. Ако пивото се смета за состојка која не смета за пост, тогаш слободно можи да ги сметате и за посни =)
**Крекерите ги пробав кога со група од еден блог учествувавме на една манифестација со храна на Бит Фест. Рецептот го сподели Марија, Кате ги направи , а мене многу ми се допаднаа, па си ги направив и јас дома и на крај решив да ги споделам овде, малку изменети во количина и ви претставувам половина доза, бидејќи од цела излегуваат многу парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Prekrasni se.
Imam slicno praveno no namesto so pivo so vino.Ne se custvuva voopsto,samo malku potkisluva.. :))
Бети, ја очекуваме и твојата верзија во споделување, па можеби лесно ќе ме намамиш после овие и таа да ја испробам :)
Gi napraviv denes :)). Rezultat: ODLICNI!!!! Epten mi se dopadnaa, izlegoa mnogu poubavi otkolku sto ocekuvav! Jas nemav soncogled, pa staviv leneno seme. Mi se dopagja i toa sto vo pecenjeto na ja gubat formata i ne odat vo sirina tuku si rastat malku vo visina. Kaj mene bea dovolni 15 minuti pecenje na 200 stepeni. Fala ti mnogu za receptot i preporacuvam site da gi probaat ovie krekeri! :)
Им додадов и ким и зачини, ЛУДИЛО. Кога ќе помислам дека има уште цела недела фудбал, па јас од кујна нема да излезам :)))
Благодарности од цела екипа имаш :)