Крекери со сусам, сончоглед и пиво
Состојки
- 125 мл пиво
- 125 мл масло
- 100 гр сусам
- 100 гр лупен сончоглед
- 1 лажиче сол
- 1 прашок за пециво
- 330-350 гр брашно
Подготовка
Измешајте ги пивото и маслото и во нив додадете го прашокот за пециво, па солта.
Потоа додадете ги сусамот и сончогледот и на крај замесете тесто со брашното.
Развлечете го тестото во кора со дебелина од околу половина см или малку подебела ако сакате и со помош на калапчиња или засекувајќи го на штангли вадете форми и печете на 200Ц 15-20 мин.
*Крекерите можат да стојат и подолго време. Ако пивото се смета за состојка која не смета за пост, тогаш слободно можи да ги сметате и за посни =)
**Крекерите ги пробав кога со група од еден блог учествувавме на една манифестација со храна на Бит Фест. Рецептот го сподели Марија, Кате ги направи , а мене многу ми се допаднаа, па си ги направив и јас дома и на крај решив да ги споделам овде, малку изменети во количина и ви претставувам половина доза, бидејќи од цела излегуваат многу парчиња.