Крекерите брзо и лесно се прават, а се одлични за мезенце со пиво, па уше ако сиренцето е посоленко, набавете си поголема количина на пиво.
Во подлабок сад се ставаат сите состојки и се меси тесто. Ако тестото е потврдо може да се додаде уште малку вода, а ако е меко и лепливо се додава уште малку брашно. Тестото се завиткува во најлонска фолија и се остава во фрижидер малку да се одмори околу 30 минути, ако многу ви се брза може веднаш да се работи и така сум пробала, па било успешно. Со сукало се расукува кора дебела околу 1 сантиметар и со модли се сечат форми по желба. Може и со нож да се расечат мали квадрати или тријаголници. Се редат на плеф на хартија за печење. Во средината на секој крекер се прави вдлабнатина со помош на стапче големо за да може во отворот да се вметни еден лешник и се премачкуваат со јогурт со помош на четка. Се печат на температура од 200 степени околу 15 минути, а потоа може темературата да се намали и да се попечат уште 10 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови